ЧЕСТИ ПРАШАЊА

  • Запознајте се со Pickbox

    • Што е Pickbox?

      Pickbox е стриминг видеотека на барање којашто можете да ја гледате неограничено каде било и кога било. Pickbox можете да го гледате на Самсунг или на ЛГ Смарт ТВ, на компјутер, таблети или на паметен телефон. Pickbox во моментов има неколку илјади часови на серии, филмови и цртани филмови, а целата содржина е преведена со титлови или синхронизиран на 4 јазици – македонски, хрватски, српски и словенечки.

    • Како можам да ја видам содржината што ја нудите на Pickbox?

      Списокот со неколку илјади часови на серии, филмови и цртани филмови што ви ги нуди Pickbox можете да ги видите овде.  За подетални информации за сите содржини коишто можете да ги видите на списокот, потребна е регистрација.

    • Како можам да се регистрирам на Pickbox?

      Можете да се регистрирате преку Pickbox апликацијата на Самсунг или на ЛГ Смарт ТВ, на таблет и на паметен телефон или преку компјутер на страницата www.pickbox.tv.  После регистрацијата добивате увид во описите на содржините што ги нуди Pickbox и можност за гледање на најави за истите. За да можете да уживате во гледањето на сето она што го нуди Pickbox, потребно е да се активира корисничка сметка. Pickbox едвај чека да се регистрирате и да станете најдобри пријатели.

    • Кои податоци се потребни за регистрација?

      За да се регистрирате потребно е да ја внесете вашата активна имејл адреса, лозинка, име и презиме, година на раѓање, да ја изберете земјата во којашто се наоѓате и да потврдите дека не сте робот зашто Pickbox сепак повеќе сака да се дружи со живи суштества.

    • Што ми е потребно за гледање на Pickbox?

      Pickbox  е многу скромен и од тебе бара само да имаш уред на којшто ќе го гледаш, а исто така и интернет врска со минимална брзина од 2 Мбпс.

    • На кои сè уреди можам да гледам Pickbox?

      Pickbox ве чека на Самсунг (без Тизен ОС) и на ЛГ Смарт телевизорите, на компјутер  (препорачуваме Chrome), како и на иОС и Андроид таблети кај паметните телефони. Повеќе за секој уред и како да се дојде до Pickbox апликацијата прочитајте во категоријата Уреди.

      Исто така, Pickbox содржините можете да ги гледате на МаxТV, а можете да го активирате овде.

    • Колкав е месечниот надомест за неограничено гледање Pickbox?

      Вистинска ситница. Илјадници часови од серии и филмови можат да ти бидат достапни за само 299MKD месечно. Секако, претплатата можеш да ја земеш и на подолг временски период при што Pickbox ќе те награди. За избор на ПОПУЛАРЕН пакет, со траење од шест месеци, заштедуваш 195MKD. Ако се одлучиш за НАЈДОБАР пакет, во траење од една година, заштедуваш 589MKD куни и ти даваме можност за истовремено гледање на трет уред. pickbox-paketi_mkd

    • Морам ли са потпишам договорна обврска со Pickbox?

      Никако.  Со Pickbox можете да раскинете кога и да посакате па така не се обврзувате на подолг временски период. Секако, во моментот кога ќе одлучите дека Pickbox веќе не ви е потребен, тој сигурно ќе биде тажен, но веројатно со време ќе го преболи раскинувањето.

    • Како можам да го активирам својот Pickbox?

      Pickbox е можно да се активира на неколку начини. Со уплата преку кредитна или дебитна картичка, со уплата преку Пејпал (PayPal) и Pickbox купон кој можете да го најдете во која било трафика. Сопствениците на Самсунг и ЛГ Смарт ТВ можат да го активираат Pickbox преку општа уплатница или преку интернет банкарство. Повеќе детали за начините на активирање можете да дознаете во категоријата Активација.  Побрзајте, Pickbox веќе е малку нервозен зашто не може да ги започне филмските маратони без вас!

        *Со активирање Pickbox имате можност да ги гледате содржините на два или три уреди истовремено

    • Во кои сè земји можам да го гледам Pickbox?

      Pickbox освен во Македонија е достапен уште во пет земји, а тоа се: Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска. Значи, ако одите на одмор во една од наведените земји, таму можете непречено да ги гледате сите Pickbox содржини со титловите што претходно сте ги избрале.

  • Уреди

    • На кои сè уреди можам да гледам Pickbox?

      Pickbox ве чека на Самсунг (без Тизен ОС) и на ЛГ Смарт телевизорите, на компјутер (препорачуваме Chrome), како и на иОС и Андроид таблети кај паметните телефони. Повеќе за секој уред и како да се дојде до Pickbox апликацијата прочитајте во категоријата Уреди.

      Исто така, Pickbox содржините можете да ги гледате на МаxТV, а можете да го активирате овде.

    • На колку уреди можам истовремено да гледам Pickbox?

      Во зависност од Pickbox пакетот кој сте го активирале, нашата услуга можете да ја гледате на два или три уреди истовремено.

    • Можам ли да го променам уредот на којшто гледам Pickbox?

      Секако. Pickbox ви овозможува на секои 30 дена да промените еден уред на којшто го гледате. Промената на уредот се прави така што во категоријата Моја сметка, поткатегорија Управување со уреди , ќе изберете уред којшто сакате да го тргнете и ќе го  потврдите бришењето.

    • Каде можам да ја преземам апликацијата Pickbox?

      Зависи од тоа дали користите таблет или паметен телефон (Андроид или иОС), Самсунг или ЛГ Смарт ТВ, апликацијата Pickbox можете да ја симнете во Google Play, AppStore, Smart Hub или LG Store. За гледање на Pickbox на компјутер не е потребна апликација туку пријава на www.pickbox.tv.

    • Како да гледам Pickbox на Самсунг Смарт ТВ?

      1. Влезете во Smart Hub
      2. Во пребарувачот впишете Pickbox
      3. Инсталирајте ја и отворете ја апликацијата
      4. Регистрирајте се (ако веќе не сте), пријавете се и активирајте го својот Pickbox
      5. Уживајте со Pickbox

      За помош или повеќе информации пратете имејл на info@pickbox.tv.

    • Како да гледам Pickbox на ЛГ Смарт ТВ?

      1. Влезете во LG Store
      2. Во пребарувачот впишете Pickbox
      3. Инсталирајте ја и отворете ја апликацијата
      4. Регистрирајте се (ако веќе не сте регистрирани), пријавете се и активирајте го својот Pickbox
      5. Уживајте со Pickbox!

      За помош или повеќе информации пратете имејл на info@pickbox.tv.

    • Како да гледам Pickbox на компјутер?

      1. Одете на www.pickbox.tv (ви препорачуваме најнова верзија на Chrome)
      2. Регистрирајте се (ако веќе не сте регистрирани), пријавете се и активирајте го својот Pickbox
      3. Уживајте со Pickbox!

      Напомена:  гледање на Pickbox на компјутер е можно и преку други интернет пребарувачи, но Pickbox не гарантира сосема квалитетна репродукција на содржините зашто таа зависи од самиот интернет пребарувач.

      Дознајте повеќе во рубриката Технички прашања.

    • На кои сè интернет пребарувачи (преку компјутер) можам да гледам Pickbox?

      Секако препорачуваме гледање во последната верзија на Google Chrome интернет пребарувачот. Со Pickbox можете да се дружите и преку  другите пребарувачи: Internet Explorer 8+, Mozilla Firefox, Opera и Safari, но Pickbox не гарантира целосен проток на репродукција на содржините. browseri-MK За помош или повеќе информации пратете имејл на info@pickbox.tv.

    • Како да гледам Pickbox на iPad или на iPhone?

      1. Влезете во AppStore
      2. Во пребарувачот впишете Pickbox
      3. Инсталирајте ја и отворете ја апликацијата
      4. Регистрирајте се (ако веќе не сте регистрирани) и пријавете се*
      5. Препуштете му се на уживањето со  Pickbox!

      * - активирањето на сметката е можно преку компјутер и Самсунг или ЛГ Смарт ТВ

      За помош или повеќе информации пратете имејл на info@pickbox.tv.

    • Како да гледам Pickbox на Андроид таблет или на паметен телефон?

      1. Влезете во Google Play Store
      2. Во пребарувачот впишете Pickbox
      3. Инсталирајте ја и отворете ја апликацијата
      4. Регистрирајте се (ако веќе не сте регистрирани) и пријавете се*
      5. Препуштете му се на уживањето со  Pickbox!

      * - активирањето на сметката е можно преку компјутер и Самсунг или ЛГ Смарт ТВ.

      За помош или повеќе информации пратете имејл на info@pickbox.tv.

    • Можам ли да гледам Pickbox на својот телевизор дури и ако немам Самсунг или ЛГ Смарт ТВ?

      Секако дека можете, а сè што ви треба е ХДМИ кабел со којшто ќе го споите вашиот компјутер и телевизорот со што ќе направите мал „мост“ преку кој вашиот Pickbox ќе се пресели од компјутерот на телевизорот.

    • Ако имам активен Pickbox на MAXtv, може ли да гледам уште на еден уред?

      За жал. во моментов тоа не е можно, но секако ќе ве известиме кога тоа ќе стане можно, За повеќе информации пратете имејл на info@pickbox.tv.

  • Активација

    • Зошто содржината на Pickbox се плаќа?

      Pickbox  е сосема легална услуга и ги почитува законите. За секоја содржина што ви ја нуди Pickbox закупува лиценца од најголемите светски продукциски куќи што му дава право за прикажување во одреден временски период. Сите содржини на Pickbox се достапни цело време во рамки на периодот за којшто содржината е закупена.

    • Кои пакети на Pickbox постојат?

      Pickbox е многу флексибилен и ви нуди три пакети:

      • - ОСНОВЕН (1 месец) -  ОБНОВУВАЧКО И ЕДНОКРАТНО купување

      • - ПОПУЛАРЕН (6 месеци, заштеда 195MKD) – ЕДНОКРАТНО купување

      • - НАЈДОБАР (12 месеци, заштеда 589MKD, гледање на три уреди) - ЕДНОКРАТНО купување


      pickbox-paketi_mkd

    • Која е разликата помеѓу обновувачкото и еднократното купување кај ОСНОВНИОТ пакет?

      Обновувачко купување  е купување коешто после првото активирање, автоматски се продолжува секој месец. Pickbox секој месец повторно ќе се активира до најмногу 12 месеци. Обновувачкото купување можете да го откажете во кој било момент на траењето на претплатата зашто Pickbox нема договорна обврска. Во тој случај претплатата ќе се откаже по завршувањето на активниот месец.

      Обновувачкото купување се активира автоматски при уплатата за ОСНОВЕН Pickbox пакет преку картичка или ПејПал (PayPal).


      Еднократно купување  е купување со коешто го активирате Pickbox на однапред избран период.. Еднократното купување не можете да го откажете во текот на траењето на претплатата, туку таа трае до истекот на услугата.

      Еднократното купување за ОСНОВНИОТ пакет важи за активирање преку СМС.

    • Кои се начините на активирање?

      Pickbox може да се активира на вашиот компјутер: со уплата од картичка, уплата преку PayPal.

    • Морам ли са потпишам договорна обврска со Pickbox?

      Никако.  Со Pickbox можете да раскинете кога и да посакате па така не се обврзувате на подолг временски период. Секако, во моментот кога ќе одлучите дека Pickbox веќе не ви е потребен, тој сигурно ќе биде тажен, но веројатно со време ќе го преболи раскинувањето.

    • Како да платам со картичка?

      Со картичка не е можно да се активира еднократно купување за еден месец, туку само обновувачко, но и обновувачкото купување можете да го откажете кога ќе посакате. Секако, во моментот кога ќе одлучите дека Pickbox веќе не ви е потребен, тој сигурно ќе биде тажен, но веројатно со време ќе го преболи раскинувањето. Еднократно купување на Pickbox пакетите е можно за поголемите пакети, поточно за пакетите од 6 и 12 месеци.

      Процедура за плаќање со картичка:

      • – На компјутерот изберете го полето Моја сметка > Активација
      • – Изберете картичка
      • – Изберете траење на претплатата
      • – Притиснете Потврди и ќе ви се отвори формулар за плаќање (CorvusPay)
      • – Пополнете го формуларот со бараните податоци
      • – Притиснете Плати
      • – Во зависното од типот на картичката, ако е побарано, потврдете го плаќањето со еднократната сигурносна лозинка
      • – Откако ќе ви се прикаже потврдата за купување, уживајте во Pickbox

      Ако земете претплата на 6 месеци, заштедувате 195MKD. Ако се одлучите за годишна претплата, Pickbox ви дава можност да гледате на трет уред и да заштедите 589MKD.

      За повеќе информации пратете имејл на info@pickbox.tv.

    • Како да платам со PayPal?

      Со PayPal не можете да активирате еднократно купување за еден месец, туку само обновувачко, но и обновувачкото купување можете да го откажете кога и да посакате. Секако, во моментот кога ќе одлучите дека Pickbox веќе не ви е потребен, тој сигурно ќе биде тажен, но веројатно со време ќе го преболи раскинувањето. Еднократно купување на Pickbox пакетите е можно за поголемите пакети, поточно за пакетите од 6 и 12 месеци.

      • – Изберете го полето Моја сметка > Активирање на компјутер
      • – Изберете PayPal
      • – Изберете траење на претплатата
      • – Притиснете Потврди
      • – Пријавете се на Paypal
      • – Платете со притискање на Continue
      • – Потврдете ја трансакцијата
      • – Штом добиете потврда за активацијата на и-мејл адреса, можете да гледате Pickbox

      Ако земете претплата на 6 месеци, заштедувате 195MKD. Ако се одлучите за годишна претплата, Pickbox ви дава можност да гледате на трет уред и да заштедите 589MKD.

      За повеќе информации пратете имејл на info@pickbox.tv.

    • Дали моите податоци се сигурни?

      Да. Сите трансакции се заштитени со шифри што ги користат банките компаниите за картички.. Вашите лични податоци се заштитени во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

    • Колкаво е траењето на Pickbox пакетите?

      Pickbox можете да го актвирате во интервал од 1, 6 или 12 месеци. Ако земете претплата на 6 месеци, заштедувате 195MKD. Ако се одлучите за годишна претплата, Pickbox ви дава можност да гледате на трет уред и да заштедите 589MKD. За повеќе информации испратете e-mail на info@pickbox.tv.

      За повеќе информации пратете имејл на info@pickbox.tv.

    • Како да го откажам обновувачкото купување?

      Обновувачкото купување активирано преку уплата со картичка или ПејПал може да се откаже во Информации за сметката на вашиот компјутер до коишто се стигнува со притискање на Моја сметка. Со притискање на „Сакате ли да ја откажете претплатата? ПРИТИСНИ ОВДЕ“ го откажувате обновувачкото купување.  По откажувањето на обновувачкото купување, односно на ОСНОВНИОТ пакет, истата претплата ќе трае до првично предвидениот датум на обнова, односно до предвидениот датум за обновување на месечното купување.

    • Како можам да ја продолжам претплатата?

      Активирањето или продолжувањето на Pickbox се можни единствено преку компјутер, Самсунг или ЛГ Смарт ТВ. Ако имате Pickbox на компјутерот, а вториот уред ви е таблет или паметен телефон, едноставно на страницата www.pickbox.tv изберете Моја сметка > Активација и купете/продолжете ја услугата. Ако двата уреди ви се таблети или паметни телефони, одјавете еден од уредите во Моја сметка > Управување со уреди и повторно пријавете го компјутерот. На страницата www.pickbox.tv Моја сметка > Активација и продолжете ја услугата.  

  • Технички прашања

    • Дали треба да инсталирам некаква програма за гледање на Pickbox?

      Не е потребно да се инсталира никаква додатна програма за гледање на Pickbox. Содржината се придвижува преку мулти  ДРМ и потребно е само да се регистрирате и да ја активирате својата корисничка сметка.

    • Кој интернет пребарувач го препорачувате?

      Pickbox  ви препорачува да ги гледате сериите и филмовите во Google Chrome со оглед на тоа дека тој е интернет пребарувач којшто е најдобро прилагоден на Pickbox.

    • Можам ли да гледам Pickbox во Google Chrome?

      Можете. Всушност, Pickbox  ви препорачува да ги гледате сериите и филмовите во Google Chrome со оглед на тоа дека тој е интернет пребарувач којшто најдобро  се согласува со Pickbox.

    • Можам ли да гледам Pickbox во Mozillа Firefox?

      Можете, под услов да имате инсталирано Silverlight и Adobe Flash Player, но ни во тој случај Pickbox не може да гарантира Квалитетен приказ на содржините зашто голем дел од тоа зависи од квалитетот и јачината на компјутерот, односно од графичката картичка. Pickbox секако ви препорачува да се дружите со него преку Google Chrome.

    • Можам ли да гледам Pickbox во Internet Explorer?

      Можете, под услов да имате Windows 8 или понов.  Но, ако дозволите, Pickbox секако ви препорачува да се дружите со него преку Google Chrome.

    • Можам ли да гледам Pickbox во Edge?

      Можете, под услов да имате Windows 10. Но, ако дозволите, Pickbox секако ви препорачува да се дружите со него преку Google Chrome.

    • Можам ли да гледам Pickbox во Safari?

      Можете. Safari препорачуваме на корисниците на Mac компјутерите, но пред гледањето ќе мора да се инсталираат два програми - Adobe Flash Player i Silverlight.

    • Можам ли да гледам Pickbox во Opera?

      Можете.  Но, ако дозволите, Pickbox секако ви препорачува да се дружите со него преку Google Chrome.

    • Колкава брзина на интернет препорачувате за гледање на Pickbox?

      За да можете непречено да гледате Pickbox, потребна ви е минимална брзина на интернет од 2 Mbps по активен уред. Pickbox автоматски го прилагодува квалитетот на видеото во зависност од вашиот уред и брзината на интернетот.

    • Каков е квалитетот на видеото во Pickbox?

      Pickbox има повеќе видео профили кои се менуваат според брзината на интернетот и уредот на кој ја гледате содржината. Одреден дел од содржината е достапен и во HD резолуција.

    • Ми се појавува порака „Погрешен имејл и лозиинка.“ Што значи тоа?

      Pickbox се обидува да ви каже дека во полето за имејл адресата сте впишале имејл со којшто не сте регистрирани или во полето за лозинка сте впишале погрешна лозинка.  Ако ни после неколку обиди не успеете да се пријавите, Pickbox ви советува да ја смените лозинката со притискање на Ресетирај ја лозинката.

    • Како можам да ја сменам лозинката?

      Лозинката можете да ја смените со притискање на Ресетирај лозинка, а потоа ја впишувате имејл адресата со којашто сте се регистрирале. На таа адреса ви доаѓа имејл со линк којшто треба да го притиснете.  По влегувањето во линкот, ја впишувате новата лозинка, ја потврдувате и тогаш сте подготвени за повторно дружење со Pickbox којшто нетрпеливо ве очекува.

    • Како можам да ја сменам лозинката ако сум веќе пријавен на уредот?

      Влезете во категоријата Моја сметка > Информации, кликнете на КЛИКНИ ОВДЕ покрај „Ја заборави лозинката?“ а потоа ја впишувате имејл адресата со којашто сте се регистрирале. На таа адреса ви доаѓа имејл со линк којшто треба да го притиснете.  По влегувањето во линкот, ја впишувате новата лозинка, ја потврдувате и тогаш сте подготвени за повторно дружење со Pickbox којшто нетрпеливо ве очекува.

    • Ми се појавува порака „Го искористивте максималниот број на уреди коишто можевте да ги пријавите на една корисничка сметка“ Што значи тоа?

      Pickbox ви кажува дека сте ги “пополниле“ сите празни места за пријава на вашите уреди. Максималниот број на уреди кој можете да го пријавите на една сметка е четири. Имајте на ум дека пријава на одреден уред значи логирање со своите кориснички податоци на Pickbox. Во случај на проблем контактирајте не на info@pickbox.tv.

    • Ми се појавува порака „Го искористивте максималниот број на истовремени пристапи до услугата“. Што значи тоа?

      Pickbox ви кажува дека не можете истовремено да гледате на 4 или повеќе уреди (во зависност од Pickbox пакетот)

    • Ми се појавува порака „Мора да ги прифатите условите на користење“ Што значи тоа?

      Pickbox се обидува да ви каже дека не сте кликнале на малото квадратче коешто се наоѓа веднаш под полето за внес на лозинка и со коешто потврдувате дека се согласувате со условите за гледање на Pickbox.

  • Pickbox содржина

    • Зошто повеќе ја нема мојата серија или филм?

      Pickbox ги почитува законите на својата држава и затоа за секоја содржина што ви ја нуди  закупува лиценца којашто му дава право на прикажување на одреден временски период. Кога тој период ќе истече, Pickbox со солзи во очите ја исклучува таа содржина.

    • Како можам да знам дека некоја серија или филм ќе бидат на Pickbox?

      Pickbox се погрижи во секој момент да знаете колку време ви останало пред да исклучи одредена серија или филм. Сите серии и филмови коишто заминуваат денес, во следните 7 или 30 дена, можете да ги пронајдете во апликацијата, во категоријата краен рок. Исто така, читајте ги нашите известувања и следете ја нашата Фејсбук страница – тоа се каналите преку кои сигурно ќе ве известуваме за сите новости.

    • Зошто немате уште повеќе серии, филмови и цртани филмови?

      Pickbox ги почитува законите на својата држава и затоа за секоја содржина што ви ја нуди  закупува лиценца којашто му дава право на прикажување на одреден временски период. Никој на светот не ги поседува сите содржини на продукциските куќи, но се трудиме да имаме најдобра содржина во регионот.

    • Можам ли да предложам содржина којашто би сакал да ја гледам на Pickbox?

      Апсолутно. Pickbox има свое мало тефтерче во коешто ги запишува сите ваши желби што му ги праќате и настојува да ги исполни сите. И вие имате свои желби? Пратете му ги на Pickboxu на info@pickbox.tv!

    • Кој ја преведува содржината на Pickbox?

      Pickbox има свои професионални преведувачи кои му помагаат секоја содржина да биде преведена за вие да можете да уживате во сериите и филмовите.

    • Како да го сменам јазикот на преводот?

      Изберете Моја сметка, потоа Јазици, па Јазик на титлови и потоа изберете го саканиот јазик. Pickbox зборува македонски, хрватски, српски, босански, црногорски и словенечки јазик.

    • Како да го сменам јазикот на интерфејс?

      Изберете Моја сметка, потоа Јазици, па Јазик на позадина и потоа изберете го саканиот јазик. Pickbox зборува македонски, хрватски, српски, босански, црногорски и словенечки јазик.

  • Решавање на проблемот

    • Зошто не можам да гледам серии и филмови?

      За непречено и неограничено гледање Pickbox треба да се претплатите. Ако сте веќе претплатени, но и понатаму од некоја причина не можете да гледате серии и филмови, секако јавете ни се на info@pickbox.tv.

    • Зошто не можам да се пријавам на својата корисничка сметка?

      Проверете дали внесувате точна e-mail адреса и лозинка и лозинката по потреба сменете ја. Исто така проверете дали веќе сте се пријавиле со максимален број уреди (два за ОСНОВНИОТ и ПОПУЛАРНИОТ пакет и три за НАЈДОБРИОТ пакет). Ако внесувате добри податоци и не сте пријавиле максимален број на уреди, секако јавете се на info@pickbox.tv за да ви помогне Pickbox.

    • Се обидувам да пријавам втор уред и системот ми јавува дека сум искористил максимален број уреди?

      Дали сте сигурни дека сте пријавиле само еден уред? Ако сте, дали сте сигурни дека на истиот уред не сте пријавиле преку два или повеќе интернет пребарувачи? Имено, Pickbox пријавата на преку два интернет пребарувачи ја гледа како пријава на преку два уреди. Ако сте сигурни дека не сте пријавиле преку два уреди или два интернет пребарувачи, секако јавете се на info@pickbox.tv за да ви помогне Pickbox.

    • Активирав НАЈДОБАР пакет и не можам да пријавам трет уред?

      Секако јави се на Pickbox на info@pickbox.tv за да ти помогне и што побрзо да ти овозможи пријавување на трет уред.

    • Инсталирав нов Windows и сега системот ми јавува дека немам веќе право на пријавување уред?

      Со реинсталацијата на Windows, системот не ги препознава вашите уреди, па од таа причина ви јавува порака дека не можете да се пријавите. Секако јавете се на info@pickbox.tv за да ви помогне Pickbox.

    • Не можам да се претплатам на Pickbox!

      Јавете ни се на info@pickbox.tv со детали поврзани со плаќањето – што се случува за да не можете да се претплатите, начинот на кој сакате да се претплатите и времето кога сте се обиделе.

    • Платив Pickbox со PayPal, а се уште не можам да гледам?

      Стрпете се само уште малку, ќе ви биде достапен штом ќе ја добиете потврдата од PayPal дека плаќањето е успешно извршено. Ако не биде така, секако јавете се на info@pickbox.tv за да ви помогне Pickbox.

    • Зошто не ми доаѓа повратна СМС со код?

      Проверете дали сте ја испратиле СМС на точниот број и дали имате доволно пари на сметката за месечна претплата за Pickbox. Ако имате, секако јавете се на info@pickbox.tv за да ви помогне Pickbox.

    • Го активирав кодот на Smart TV, но Pickbox ми јавува дека е неправилен!

      Ако неколку пати во пократко време сте потврдиле внесување на код, без оглед на пораката, обидете се да гледате некој филм или серија. Вашата корисничка сметка би требало да биде активна, а доколку не е така, секако јавете се на info@pickbox.tv за да ви помогне Pickbox.

    • Имам потешкотии со гледањето серии и филмови на Pickbox!

      Пред се, проверете ја брзината на својата интернет врска која за дружење со Pickbox и за гледање серии и филмови би морала да биде минимално    2 Mbps. Брзината можете да ја проверите на www.speedtest.net.

      Ако е интернетската врска доволно брза и стабилна, секако јавете се на Pickbox на info@pickbox.tv со детален опис на потешкотиите, уредот на кој се јавуваат, верзијата на апликацијата на оперативниот систем и по потреба интернет пребарувачот (за компјутерите) и неговата верзија за полесно да можеме да откриеме поради што доаѓа до потешкотии при гледањето.

    • Pickbox не ми работи добро на компјутерот!

      Препорачуваме Pickbox да гледате во Google Chrome кој најдобро се сложува со Pickbox апликацијата. Ако и при гледањето Pickbox во Chrоme имате потешкотии, секако јавете му на Pickbox на info@pickbox.tv со детален опис на потешкотиите, уредот на кој се јавуваат, верзијата на апликацијата и оперативниот систем, како и интернет пребарувачот и неговата верзија за да можеме полесно да откриеме поради што доаѓа до потешкотии при гледањето.

    • Pickbox не ми работи добро на iPhone/iPad!

      За гледање Pickbox на iPhone или iPad треба да имате најмалку 8.0 верзија iOS и најнова верзија на Pickbox апликација, како и стабилна интернетска врска од минимално 2 Mbps. Ако ги задоволувате сите услови, а Pickbox и понатаму не можете да гледате, секако јавете се на Pickbox на info@pickbox.tv со детален опис на потешкотиите, уредот на кој се јавуваат тие, верзијата на апликацијата и верзијата на iOS за полесно да откриеме поради што доаѓа до потешкотии кај гледањето.

    • Pickbox не ми работи добро на Andrоid уред!

      За гледање Pickbox на Android паметен телефон или таблет, треба да имате 4.1 верзија на Android и најнова верзија на Pickbox апликацијата, како и стабилна интернетска врска од минимално 2 Mbps. Ако ги задоволувате сите услови, а Pickbox и понатаму не можете да гледате, секако јавете се на Pickbox на info@pickbox.tv со детален опис на потешкотиите, уредот на кој се јавуваат, верзијата на апликацијата и верзијата на Android за полесно да откриеме поради што доаѓа до потешкотии при гледањето.

    • Pickbox не ми работи добро на Samsung Smart TV уред!

      За гледање Pickbox на Samsung Smart TV, потребно е да имате Smart TV произведен од 2012 до денес и најнова верзија на Pickbox апликацијата, софтвер за TV и стабилна интернетска врска од минимално 2 Mbps. Исто така, Pickbox моментално не е достапен на Tizen оперативниот систем, па исто така проверете вашиот Smart TV, посебно ако е понов, да не го има токму тој оперативен систем. Ако ги задоволувате сите услови, а Pickbox и понатаму не можете да гледате, секако јавете се на Pickbox на info@pickbox.tv со детален опис на потешкотиите, уредот на кој се јавуваат, верзијата на апликацијата и верзијата на Android за полесно да откриеме зошто доаѓа до потешкотии при гледањето.

    • Pickbox не ми работи добро на LG Smart TV уредот!

      За гледање Pickbox на LG Smart TV, потребно е да имате Smart TV произведен од 2012 до денес и најнова верзија на Pickbox апликацијата, софтвер за TV и стабилна интернетска врска од минимално 2 Mbps. Ако ги задоволувате сите услови, а Pickbox и понатаму не можете да гледате, секако јавете се на Pickbox на info@pickbox.tv со детален опис на потешкотиите, уредот на кој се јавуваат, верзијата на апликацијата и верзијата на Android за што полесно да откриеме зошто доаѓа до потешкотии при гледањето.