ПРЕМИЕРА

Достапни сезони: 1

Жанр: Драма

Година: 2016. -

Актери: Michael Weatherly, Freddy Rodríguez, Geneva Carr, Chris Jackson, Jaime Lee Kirchner, Annabelle Attanasio

Продуцент: Phil McGraw, Paul Attanasio

CBS

Д-р Џејсон Бул е брилијантен, шармантен и дрзок експерт за човеково однесување кој комбинира психологија, човекова интуиција и висока технологија за да дознае што ги придвижува и што ги допира поротниците, адвокатите, сведоците и обвинетите. Зад него стои тим на помошници, од истражители до моќни експерти, а сите тие ги употребуваат своите знаења и вештини за да им помогнат на клиентите кои ги најмуваат за помош во текот на судските процеси со високи влогови. Серијата е инспирирана од раните денови на славниот д-р Фил, кој некогаш водел една од најистакнатите компании за судски советувања.

ЗАНИМЛИВОСТИ

Серијата е инспирирана од раната кариера на д-р Фил како консултант за порота.

Мајкл Ведерли е најпознат по улогата во серијата НЦИС како специјалниот агент Ентони ди Нозо.

Фреди Родригес во серијата “Bull“ можете да го гледате како адвокатот Бени Колон, но и во серијата Ноќна смена како бирократот Мајкл Рагоса.

Сценаријата ги напишаа Фил Мек Гроу и Пол Атанасио, сценарист на култниот филм Дони Браско.

ГЛЕДАЈ ВЕДНАШ