ПРЕМИЕРА

Достапни сезони: 1 | 2

Жанр: драма

Година: 2016.-

Актери: Paul Giamatti, Damian Lewis, Maggie Siff, Malin Akerman

Продуцент: James Foley

CBS

Додека во првата сезона на серијата „Милијарди“ (Billions) слоганот беше „Моќта е универзална валута“, втората сезона, која почнува на Pickbox на 20 февруари, најавена е со мрачно пророштво – „Моќните ќе паднат“. Ако не сте ја гледале „Милијарди“, време е да почнете, затоа што со ексклузивната премиера на втората сезона, првата сезона е целосно достапна на Pickbox. Но, одиме од почеток.

За што се работи?

Првиот човек има неограничени финансиски средства, а вториот за себе тврди дека нема што да изгуби. Првиот е крал на инвестициските фондови и потенцијален криминалец, а вториот е успешен адвокат кој ги носи криминалците од висок калибар пред лицето на правдата. Првиот актер во оваа приказна се вика Боби Акселрод, тој е харизматичен, шармантен и за малку ќе бил жртва во нападот на кулите близначки во Њујорк на 11 септември, а го игра секогаш одличниот Дејмијан Луис. Лицето на правдата го претставува Чак Роудс, човекот со длабоки подочници, садо-мазо пороци, не баш фин карактер, а вистинската личност која се крие зад оваа улога е застрашувачки убедливиот Пол Џијамати.

Серијата е инспирирана од вистински личности. Иако одговорните создавачи на серијата ја негирале директната поврзаност со вистинскиот живот, „Њујорк пост“ откри дека има премногу совпаѓања со животите на двајца луѓе. Зборуваме за американскиот адвокат Прет Барари и за неговата битка со менаџерот и основачот на големата групација за хеџ-фондови „САЦ капитал“. Ако ви откриеме кој победи во таа битка, нема со ќеф да ја гледате „Милијарди“!

Зошто е толку добра?

Сигурно не сте знаеле дека „Милијарди“ го соборија рекордот за гледаност во САД. На денот на прикажувањето на првата епизода серијата привлече дури три милиони гледачи, а интересот не падна сѐ до крајот на сезоната. Може да се рече дека „Милијарди“ имаат одличен рецепт, темата на серијата е безвременска, актерите се афирмирани ѕвезди, а серијата е напишана со многу внимание и со вложување во деталите. За да ги заокружиме бројките, ќе откриеме дека во финалето на првата сезона, дури 6,5 милиони луѓе ја гледале серијата, а критичарите особено ја пофалија.

Другата причина доаѓа од устата на шефот на „Шоутајм“, Дејвид Невинс:

„Оваа серија е тројански коњ за проучување на нашите комплицирани стравови и емоции за класата и богатството. Имаме нова класа на супербогати луѓе и сите би сакале вакво богатство, но често зборуваме за неправедноста и нееднаквоста, што е добро, што е лошо“.

Што нѐ очекува во втората сезона?

Откако ќе ја изгледате првата сезона од „Милијарди“ и откако ќе се навлечете на целата приказна, сигурно ќе ве интересира што ве чека секој понеделник од 20.2. Џијамати вети дека неговиот лик ќе биде уште поистраен во прогонот на Акселрод и дека може да се очекува помалку бруталност а повеќе стратешки потези и интелектуални, заткулисни игри.

„Мојот лик, а во некоја рака и самата серија е помалку Мусолини, а повеќе Макијавели“

Луис откри дека на неговиот лик ранливоста и кршливоста ќе му станат товар, а сето тоа поради желбата да ја однесе победата не само во битката туку и во војната. Иако во финалето на првата сезона, адвокатот Роудс нагласува дека нема што да изгуби во овој конфликт, неговиот влог секако не се парите и привилегираниот живот како на Акс, туку семејството и адвокатската кариера која со секој следен потег му се лизга од рацете.

За да не се сведе сѐ на мачо борба помеѓу двајца мажи, тука се и две впечатливи женски лица кои во серијата можеби играат споредни улоги, но во животите на Акс и Чак Роудс секако ги имаат главните улоги. Се работи за сопругата на Акс, Лари (Малин Керман) и за сопругата на Роудс, Венди (Меги Сиф), жени кои влечат решавачки потези, тргуваат со тајните и вешто балансираат помеѓу легалниот и нелегалниот свет.

Обидете се да ја сфатите „Милијарди“ како упатство за снаоѓање на „Волстрит“. „Волстрит“ е најтаинствената улица, а асоцијацијата што ја буди е на толпа мажи во костуми кои си викаат меѓусебно и гледаат во монитори полни со бројки и графикони. Серијата се нурнува подлабоко од тоа, ја открива мотивацијата за работа во таква атмосфера, ги открива танцот на работ на законот и искористувањето на дупките во законот. „Милијарди“ покажува дека таа ситуација не е криминална само на „Волстрит“, слични ситуации се повторуваат според поинакви шеми во различни делови на општеството и бизнисот. Можеби „Милијарди“ едноставно е предупредување, а можеби е и подлога за нешто повеќе.

Нурнете се во светот на вистинските играчи уште денес со Pickbox!

ЗАНИМЛИВОСТИ

Куќата на Акселрод од 63 милиони долари навистина постои – му припаѓа на директорот на „Леб ентерпрајзес“, приватна инвестициска компанија.

Колку некој знае да се внесе во серијата сведочи фактот дека Дејмијан Луис е пријавен на ФБИ затоа што во Ирска некој го видел на улица и мислел дека тој е вистински банкар во бегство.

Дејмијан Луис за улогата се подготвувал читајќи книги од познатите менаџери на хеџ-фондови.

Личноста според која е создаден ликот на Акселрод, Стивен Коен, поседува околу 11,4 милијарди долари.

Џијамати и Луис освоија „Еми“ и „Златен глобус“ за своите улоги во оваа брилијантна серија.

На должност